Поврзете се со нас

Свет

Лион едвај се ослободи од „паразитот“ Ловрен, Хрватот денеска позираше со нови обележја (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/olympiquelyonnais

Дејан Ловрен беше наречен „паразит“ од страна на француските медиуми кои будно ги следат случувањата во Лион, бидејќи поранешниот стопер на Ливерпул до последно одбиваше да си замине од клубот во кој беше трет најплатен играч во првиот тим.

Со чиста заработка од 400 илјади евра месечно, Ловрен имаше план да остане на клупата за резерви и до последен цент да си го наплати договорот, но сепак по истекот на летниот преоден рок, двете страни седнаа на маса и пронајдоа договор.

Лион ќе му исплати дел од платата во наредниот период и на тој начин успеа да се избори за предвренен раскин на договорот, а тоа му овозможи на Хрватот да си бара клуб како слободен агент.

Со оглед на тоа што Ловрен има 35 години и се наоѓа на залезот на кариерата, беше јасно дека тешко ќе пронајде клуб во топ 5 лигите во Европа, но сепак искусниот стопер останува на стариот континент и ќе игра во соседството.

Грчки ПАОК денеска официјално објави дека го ангажирал прославениот хрватски репрезентативец, кој воедно ставил потпис на двегодишен договор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни