Поврзете се со нас

Англија

Лингард за огромниот потенцијал на Јунајтед: Се уште не знам која нога му е подобра

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер е навистина директен и искрен кога ги дава совите изјави пред новинарите, а една од поинтересните непосредно откако го презема Манчестер Јунајтед, беше поврзана за напаѓачите кои ги има во првиот тим.

Солскјер нагласи дека Мејсон Гринвус е подобар голгетер од Маркус Рашфорд и Антони Марсијал кои се први напаѓачи во неговиот тим, а за волја на вистината, 18-годишниот тинејџер навистина ги оправдува неговите зборови со секоја шанса која ја добива на теренот.

Гринвуд навистина плени со својата самодоверба и со леснотијата со која ги постигнува головите, а Џеси Лингард вели дека и ден денеска не знае која нога му се посилна по природа.

– Тој го познава фудбалот многу добро. Шутра со десна, со лева нога. До денешен ден, се уште не знам која нога му е подобра и посилна. Шутира слободни со левата нога, изведува корнери со десната.

– Кога добива шанса од менаџерот, секогаш покажува што може да направи на теренот. Не се важни годините, важни се вашите перформанси на теренот. Тој учи неверојатно брзо и тоа е фантастично за тимот, – вели Лингард за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни