Поврзете се со нас

Англија

Лингард се огласи откако се реши за очаен потег во потрага по нов клуб (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFFC

Џеси Лингард до пред само две сезони беше фудбалската ѕвезда на Манчестер Јунајтед, но неполни две години подоцна, никој не можеше да претпостави дека крилниот напаѓач повеќе од шест месеци ќе остане без клуб.

Лингард направи голема грешка кога не се врати во Вест Хем и кога реши да ги избере парите пред спортскиот проект, па откако неговата етапа во Нотингем Форест се покажа како ужасна, неговата кариера тргна во погрешен правец.

Лингард пред неколку месеци беше на проба во Ал Етифак и не доби зелено светло за трансфер, а сега влезе во навистина очаен период и реши да ги отпушти сите свои агенти со кои соработувал со години.

Поранешниот англиски репрезентативец се решил за радикален потег и останал без застапник во овој момент, одлучувајќи дека може полесно сам да си најде клуб, отколку да бара помош од професионалци.

Оваа негова одлука најдобро покажува дека Џеси не може да фати вистински правец, па со најновата објава на Инстаграм реши да им одговори на сите кои се сомневаат во него.

– Мојот фокус е поразличен. Моето време е инвестирано во раст. Не очекува луѓето да ме разберат, но најверојатно некогаш ќе ме разберат, – гласи објавата на Џеси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни