Лингард откри какви проблеми има во приватниот живот: Му ја кажав вистината на Оле и многу ми олесна

ole-jesi

Џеси Лингард ја врати насмевката на своето лице со двете одлични изданија на дерби пресметките со Тотенхем и Манчестер Сити, нешто што подзаборавивме да го видиме кај англискиот репрезентативец кој до натпреварот со „петлињата“ имаше само четири старта од почетокот на сезоната.

Во ситуација кога полека повторно ја пронаоѓа својата најдобра форма, Лингард одлучи да се отвори во интервјуто кое го направи за „Дејли меил“, па така на цела јавност и откри дека во последните неколку месеци се соочил со огромен проблем во приватниот живот, кој се одразил и на неговиот однос на тренинзите и на теренот.

Мајката на Лингард незгодно се разболела пред стартот на сезоната, па поради тоа, Џеси бил приморан да ги одгледува своите помлади брат и сестра кои имаат по 14 и 11 години.

– Нормално сум молчеливо момче и сакам да ги насмевнувам другите, но луѓето околу мене сфатија дека нешто не е во ред. Се затворив и бев загрижен. Си помислив дека сите го префрлаат товарот врз мене. Мојата мајка има проблеми со години, но сега и е потребна помош. Јас се грижам за мојот брат и мојата сестра и тие се сега со мене. Беше тешко да се гледа како моите најблиски страдаат, а потоа да мислам само на фудбалот. Овие неколку месеци ме натераа дополнително да созреал и да функционирам под стрес. Сега полека се враќам на најдоброто ниво и чувствувам дека сум блиску. Оле многу ми помогна, му ја кажав вистината и многу ми олесна. Кога ми даде шанса од клупата против Брајтон, ми порача да се насмеам и да уживам на теренот. Тоа ми даде огромна самодоверба, ми кажа дека се ќе биде во ред. Ми беше потребно да го слушнам тоа од некој. Тој го посака стариот Џеси назад и сега мислам дека можам да му го дадам тоа, – вели Лингард.

Facebook Коментари