Поврзете се со нас

Англија

Лингард комплетираше шокантен трансфер далеку од Англија (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/fcseoul

Џеси Лингард се најде во непријатна ситуација и изминатите месеци беше во потрага по нов клуб, па откако не ја мина пробата кај Стивен Џерард и Ал Етифак, се очекуваше да направи трансфер во јануари.

Поради статусот на слободен агент, Лингард можеше да реализира трансфер и по крајот на проедниот рок, а тоа се случи ова утро и операцијата е навистина изненадувачка.

Поранешниот англиски репрезентативец наредните две години ќе игра фудбал во Јужна Кореја, откако реши да потпише договор со тамошниот клуб Сеул.

31-годишниот крилен напаѓач забележа значителен пад во формата откако се пресели во Нотингем Форест, па сега сигурно ќе сака да се врати во приближно добра форма далеку од очите на европската јавност.

Според информациите на англиските медиуми, Лингард ќе заработува 17,5 илјади фунти неделно во новиот клуб, а само за споредба, во Јунајтед пред шест години заработуваше по 100 илјади фунти на седмично ниво.

– Имав многу понуди, вкупно 26, но само онаа од Сеул беше вистинска. Само тие ми испратија понуда на хартија, останатите клубови ме контактираа вербално. Ќе се фокусирам само на фудбалот, најважна работа за мене е фудбалот и ќе се обидам да уживам тука, – изјавил Лингард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни