Поврзете се со нас

Англија

Лингард испрати јасна порака до Солскјер пред враќањето во Јунајтед: Најважна работа за мене…

Објавено

на

Џеси Лингард имаше одлични партии во дресот на Вест Хем, клуб во кој изминативе месеци ги мина на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Тој си ја врати самодовербата, играше во континуитет и тоа помогна да го крене нивото на игра и со тоа влезе во поширокиот избор за местата во англиската репрезентација за Европското првенство. Сега офанзивецот ќе се врати во Јунајтед, ама дефинитивно нема да дозволи да биде во втор план и тоа се гледа со порака која ја испрати до тренерот Оле Гунар Солскјер.

-Најважната работа за мене е постојано да играм фудбал. Откако отидов на позајмица и бев добар во тимот, имавте можност да го видите вистинскиот Џеси, со головите и асистенциите.

-Никогаш не сум се сомневал во мојата способност, секогаш сум верувал во себе. Зборував со менаџерот (Оле Гунар Солсјаер) во предсезоната и му реков: „Сакам да играм“. Тој рече: „можеме да разговараме за тоа во декември“ и повторно разговаравме и тој се согласи да ме пушти на заем.

-Имав различни разговори со него за време на моето време во Вест Хем. Тој ми даде поддршка и тоа беше одличен заем за мене, -порача Џеси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни