Лингард им вети на фановите офанзивен фудбал против Тотенхем

lingard

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со огромен мотив влегуваат во натпреварот против Тотенхем кој на програмата е утре, а ќе се игра на „Вембли“.

„Црвените ѓаволи“ играат одлично под водство на Оле Гунар Солскјер, а тренерот, а и самите играчи најавија дека во Лондон одат по победа.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард истакна дека натпреварот против „Петлите“ ќе биде многу тежок, но дека тие ќе дадат се од себе за да ги однесат трите поени во Манчестер.

-Ќе биде тешко, но со серијата која ја направивме и со формата која ја имаме, знаеме дека сме 100% подготвени за овој натпревар. Ние ќе истрчаме со намера да победиме и да ги земеме трите поени. Ние сме во одлична серија, па доколку ја продолжиме против Тотенхем, ќе биде перфектно- коментираше Џеси Лингард за клупскиот сајт на Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари