Поврзете се со нас

Англија

Лингард го посочи играчот кој е ист како Мајкл Џордан: Можеше да се почувствува таа аура околу него

Објавено

на

Документарната серија „Последниот танц“ посветена на Мајкл Џордан и Чикаго Булс внимателно ја следеа, гледаа многу луѓе ширум светот, а меѓу нив бил и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

-Мислам дека е многу инспиративно и има многу различни личности во тимот како [Денис] Родман, [Скоти] Пипен, Мајкл Џордан, но сите тие се собираат на ден за да ја завршат работата. Беше навистина инспиративно да се види работната етика на Џордан за тоа како неговите соиграчи да бидат најдобри, тоа на крајот даде резултат. Тоа беше навистина инспиративна приказна, -истакна Лингард.

Воедно англискиот репрезентативец го посочи Златан Ибрахимовиќ како играч во кој може да се види улогата, ставот на Мајкл Џордан.

-Морам да кажам Златан. Веднаш штом дојде во Јунајтед можеше да се почувствува аурата околу него. Тој го имаше тој победнички менталитет и тоа нè носеше, нè мотивираше да освоиме многу трофеи. Нема многу луѓе кои го имаат тој ефект.

-Тој го имаше тој суров победнички менталитет, претходно играше во големите клубови и го имаше тој победнички менталитет. Дојде во Јунајтед и рече дека сака да освои трофеи.

-Во тоа време, јас бев млад играч, Маркус Рашфорд беше млад. Веднаш штом го освоивме првиот трофеј, нè натера да сме гладни за повеќе, па затоа ќе речам дека тој го донесе тој победнички фактор и победнички менталитет во тимот, -порача Џеси.

Златан кратко време беше во Јунајтед, но во тој период клубот го освои англиксиот лига Куп, Комјунити Шилд и Лига Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни