Поврзете се со нас

Свет

Лингард дебитираше за Сеул и се „прослави“ со груб старт кој ги налути ривалите (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/fcseoul

Џеси Лингард долго време беше без ангажман, а на крајот реши да направи изненадувачки потег и прифати понуда на корејски клуб.

Англискиот фудбалер стана член на Сеул, а вчера го забележа и своето деби во К лигата, влегувајќи од клупата за резервни фудбалери во второто полувреме.

Неговиот тим имаше негатива од еден гол на гостувањето кај Гвaнгжу, но и Лингард не само што не успеа да помогне за израмнување, туку ги налути домашните фудбалери и фанови.

Некогашниот член на Манчестер Јунајтед по петнаесет минути на теренот стартуваше прегрубо над противнички играч и може да биде среќен што помина само со жолт картон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни