Поврзете се со нас

Италија

Линекер стана вирален хит со коментарот за Ибрахимовиќ и коронавирусот (Фото)

Објавено

на

Милан ова попладне ја информираше јавноста дека Златан Ибрахимовиќ ќе мора да мине период во изолација, откако последниот брис покажал дека искусниот Швеѓанец е позитивен на коронавирус.

Тоа значи дека Пиоли нема да може да смета на Златан на вечерашниот меч во Лига Европа, a многу веројатно и на следниот предизвик во Серија А претстојниот викенд.

Во своето соопштение, Милан информираше дека ниту еден друг член од првиот тим нема позитивен тест по направениот скрининг на сите вработени, но во моменти кога Златан не чувствува никакви симптоми, легендарниот Гери Линекер издоминира на социјалните мрежи со својот вирален твит.

– По вестите дека Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, моите мисли се со вирусот во овие тешки времиња, – порача Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни