Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Линекер со неочекуван коментар за Рамос по неверојатното достигнување на капитенот на Реал (Фото)

Објавено

на

Серхио Рамос продолжи да го зголемува својот статус на легенда во Реал Мадрид, откако вечерва на дуелот со Интер достигна еден неверојатен јубилеј за дефанзивен фудбалер.

Капитенот на Реал Мадрид погоди во 33-та минута за водство од 2:0, а тоа за него беше точно 100-ти гол во дресот на „кралскиот клуб“, со кој одбележа една нестварна и нереална бројка за играч кој речиси цела своја кариера игра како стопер (своевремено беше користен и како десен бек).

Со овој гол, Рамос влезе во историјата на Реал и како еден од најпознатите голгетери, а тоа го натера Гери Линекер да изелзе со неочекуван коментар.

Линекер како голем фанатик на Барселона немаше проблем да му честита на Рамос за вонсериското достигнување, нарекувајќи го еден од најголемите играчи на сите времиња.

– Какво достигнување од Серхио Рамос. Сега има постигнато 100 гола за Реал Мадрид. Без никаков сомнеж, тој е еден од најголемите играчи на сите времиња. Тешко е да се помисли дека има подобар на неговата позиција, – порача Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни