Поврзете се со нас

Англија

Линекер со бомбастична изјава за големата криза на Јунајтед: Дел од вината му се препишува на Фергусон!

Објавено

на

Foto:instagram.com/garylineker

Манчестер Јунајтед повеќе од една деценија не може да се врати на победничките и славни патеки на кои зачекори клубот во ерата на Сер Алекс Фергусон, а постот кој е актуелен и ден денеска започна токму од моментот кога се пензионираше шкотланѓанскиот стручњак.

Популарниот Ферги ја донесе последната титула во Премиер лигата во својата последна сезона на „Олд Трафорд“, па иако се сменија голем број тренери и беа вложени огромни парични средства, се чини дека Јунајтед оваа сезона изгледа поочајно од било кога.

Рубен Аморим наследи раштиман оркестар од Ерик Тен Хаг и под негово водство тимот изгледа уште поконфузно, а сето ова прави Јунајтед да се подготвува за нова стартегија на трансфер пазарот и за нови активности во летниот преоден рок.

Португалецот сигурно ќе добие вистинска шанса да состави свој тим и да го изведе Јунајтед на прав пат, но пред да дојде до тоа, критичарите и аналитичарите и во иднина ќе даваат свои коментари за црните облаци кои надвиснаа над „Олд Трафорд“.

Гери Линекер е последниот кој си даде за право да говори за повеќегодишната криза на театарот на соништата, а тој можеби е и првиот попознат фудбалер кој реши прстот да го впери и кон легендарниот Сер Алекс Фергусон.

– Ако го погледнете Ливерпул сега, тие го добија Арне Слот како нов менаџер, а добрите резултати покажуваа дека Јирген Клоп го оставил тимот и клубот во навистина добра ситуација. Структурата која ја остави Јирген беше многу добра, а очигледно тоа не беше случај при заминувањето на Сер Алекс Фергусон од „Олд Трафорд“.

– Знам дека Јунајтед ја освои титулата во неговата последна сезона, но тоа не беше најдобриот тим на Јунајтед, а истовремено дел од најдобрите играчи беа пред крај на кариерите. Мислам дека нивните проблеми почнаа од тој момент, – потенцира Линекер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни