Поврзете се со нас

Англија

Линекер рангираше три критикувани ѕвезди од Премиер лигата: Тој е подобар од Ришарлисон

Објавено

на

foto:www.washingtonpost.com

Гери Линекер остави своја трага и печат во англискиот и светскиот фудбал, па дефинитивно неговиот збор, став има посебна тежина кога се во прашање фудбалските теми.

Некогашниот ас на Тотенхем и Барселона имаше задача да рангира три премиерлигашки ѕвезди, фудбалери кои се доста критикувани, а играа во топ тимови.

Тоа се Каи Хаверц кој летово го замени Челси со Арсенал, потоа Антони Марсијал кој долго време е во Манчестер Јунајтед, ама никогаш докрај не го докажа, потврди своето знаење, квалитет и потенција и Ришарлисон кој се мачи да фати ритам во дресот на „петлите“.

-Мислам дека во моментот не можете да му судите на било кој играч на Челси за настапите во минатата сезона. Клубот беше во хаос, сите одиграа под нивото. Мислам дека има нешто во Хаверц, а она што ми го дава тоа е што постигна победнички гол во финалето на Лигата на шампионите, тој тоа го направи.

-Останатите во моментов имаат потфрлено. Марсијал има талент, но не знам дали е ментално мек или нема среќа со повреди. Јас лично би го ставил Хаверц на прво место, потоа можеби Марсијал, бидејќи тој има учинок а Ришарлисон сè уште треба тоа да го направи, иако мислам дека е способен, -порача поранешениот англиски репрезентативец,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни