Поврзете се со нас

Европски првенства

Линекер: Ова не сум го направил 20 години…

Објавено

на

foto: x.com/hayfestival/Adam Tatton-Reid

Пред нас е Европското фудбалско првенство, настан кој дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието на сите фанови на стариот континет и пошироко.

Германија е домаќин на 17. собир на најквалитетните европски селекции, а овојпат нема некој јасен фавори за пехарот како во некои претходни години, изданија. Има селекции кои се квалитетни, имаат звучни имиња, ама повеќе нема голема разлика и секој меч е ново докажување, поточно нема опуштање против никого што значи дека ќе решаваат нијанси.

И овојпат во Англија со голем интерес ќе се следи ЕП на кое се освен титула ќе биде неуспех за нив со оглед на тоа што на претходното беа втори зад Италија. Притисокот е навистина огромен, се бара титула, па некогашниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека е дојдено време „гордиот албион“ конечно да го направи завршниот чекор и биде на тронот во Европа.

-Луѓето ми велат: „Секогаш ја бираш Англија, секогаш тоа го правиш“ – Ама јас не сум типувал дека Англија ќе освои турнир од 2004 година. Но, овој пат, всушност мислам дека Англија ќе оди до крај. Очигледно е дека тоа е нокаут турнир, така што работите можат да тргнат наопаку, но мислам дека ќе победиме на еден од следните четири турнири бидејќи овој тим само ќе биде подобар и подобар, -вели Гери кој за националниот тим постигна 48 голови.

Првенството започнува в петок со дуелот Германија-Шкотска од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни