Поврзете се со нас

Англија

Линекер откри како Стерлинг се инспирирал пред средбата со Реал: Ни побара снимки од средбата со Тотенхем

Објавено

на

Поранешниот прославен англиски фудбалер и сегашен стручен коментатор за „БиТи Спорт“, Гери Линекер откри неверојатен начин на кој Рахим Стерлинг се инспирирал за дуелот со Реал Мадрид.

Крилниот фудбалер на Манчестер Сити побарал да му бидат дадени снимки од натпреварот против Тотенхем од минатогодишното четвртфинале во Лигата на шампионите.

Стерлинг беше таличен на вчерашниот натпревар откако го постигна првиот погодок кој значеше и почеток на крајот за Реал мадрид.

– Не знам дали треба да го кажам ова или треба да биде тајна од Рахим, но тој всушност пристапи до „БиТи Спорт“ и го побара видеото од минатата сезона против Тотенхем кога тие загубија.

– Не верувам дека тоа беше само за да ги види неговите настапи, тој сакаше да почувствува повторно како е да се губи и што тоа значи, што покажува колку многу се внесува во играта. Сакаше да биде сигурен дека тоа нема да се случи повторно, -изјави Гери Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни