Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Линекер лут на Германците: Поради ова првпат ќе мора да навивам за Реал Мадрид

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GaryLineker

Финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд веќе е топ тема на фудбалската јавност, а кулминацијата се подготвува вечерва кога најрано пред 23 часот ќе биде познат новиот европски шампион.

Навивачите имаат свој фаворит и екипа за која ќе навиваат на финалето на „Вембли“, а Реал Мадрид за оваа средба доби дополнителен фан во Гери Линекер.

Легендарниот англиски фудбалер кој денеска е влијателен водител и стручен коментатор вели дека е шокиран од фактот што Борусија пред неколку дена потпиша спонзорски договор со производител на оружје и поради тоа ќе навива против Германците.

Иако како поранешен играч на Барселона, од него се очекува секогаш да биде на спротивната страна, Линекер сака „казна“ за „милионерите“.

– Првпат ќе навивам за Реал Мадрид во финале на ЛШ, – твитнал Линекер како одговор на веста за соработката на Борусија со компанијата „Рајнметал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни