Поврзете се со нас

Англија

Линекер ја откри ужасната навика на Гаскоњ во англиските тоалети: Додека сите се чистевме од кал, тој…

Објавено

на

Гери Линекер беше реномиран англиски напаѓач во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, а во тоа време, имаше шанса да ја дели соблекувалната со еден од најконтроверзниот и најоткачен играч во светот.

Пол Гаскоњ беше голема англиска ѕвезда и во тоа време беше лидер на англискиот тим, па навраќајќи се на наназад низ годините, Линекер реши да ја открие и ужасната навика која ја имал напаѓачот кога се работи за користење на тимскиот тоалет.

Пред 30-тина години се користења големи бањи во соблекувалните бидејќи условите за игра на теренот беа далеку потешки, а додека сите играчи биле заедно и ја чистеле калта, Гаскоњ знаел да ги изненади со вршење на голема нужда во водата.

– Фудбалот се промени многу и веќе нема ситуации како што беше во мое време. На крајот на натпреварите цели бевме прекриени со кал и заедно се фрлавме да се измиеме во бањите во соблекувалната.

– Кадите беа навистина големи, не станува збор за кади со меури на кои сме навикнати сега, имаше меури ако некој испуштеше гас, или ако Газа извршеше голема нужда. Да, добро ме слушнавте, се случии во неколку наврати, но тоа го правеше намерно и за смеа. Никогаш немате видено побрзо евакуирање на цела бања, – низ смеа открива Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни