Поврзете се со нас

Англија

Линекер ја напушта култната фудбалска емисија на „Би-Би-Си“ по 26 години

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GaryLineker

Поранешниот англиски репрезентативец, Гери Линекер, по крајот на актуелната сезона ќе ја напушти улогата на водител и домаќин на емисијата „Меч оф д деј“ на „Би-Би-Си“.

Британскиот национален сервис потврди дека фудбалската легенда нема да биде дел од шоуто наредната сезона, со што завршува една препознатлива и долга ера, која ќе биде заокружена на 26 години.

63-годишниот Линекер го водеше шоуто од 1999 година, а најавите се дека целосно ќе ја заврши соработката со „Би-Би-Си“ по Светското првенство во 2026 година, кое ќе му ги донесе последните обврски во медиумскиот гигант.

Другите медиуми тврдат дека Линекер бил заинтересиран за продолжување на соработката, но медиумот решил да не му понуди нов договор во јуни.

Официјалните податоци поврзани со финансиите исплатени од националниот сервис покажуваат дека Линекер бил најплатен водител на „Би-Би-Си“ во финансиската година 2023/24, кога му бил исплатен хонорар од 1,35 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни