Англија
Линекер и Ширер со ист став за трката за титулата во ПЛ: Искрено…
Англиските фудбалски легенди, Гери Линекер и Алан Ширер делат ист став за трката за титулата во Премиер лигата.
Веќе сме на средина од кампањата 2024/2025, дел кој најдобро го искористи составот на Ливерпул кој забележа само еден пораз и тоа од Нотингем Форест во месец септември, тим кој интересно во моментов е најблиску до „црвените“ на прволигашката табела.
Сето ова придонесува полека скоро сите експерти да даваат еден заклучок, а тоа е дека титулата ќе заврши на „Енфилд Роуд“.
-Повторно беа многу импресивни. Тие имаат големо водство сега. Нотингем Форест е втор, што е извонреден напор. Искрено, не можам да видам некој како сега се приближува до Ливерпул, нели? Мислам дека сега се незапирливи, -истакна Линекер на што се надоврза Ширер.
-Ливерпул беше брилијантен, тие се толку силни на секоја позиција. Имаат толку многу опции. Тие се навистина, навистина силни и тешко е да се погледне некој друг освен Ливерпул. Само самите можат да го прокоцкаат, -смета најдобриот стрелец во историјата на ПЛ.
-
Италија23 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија18 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија24 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија22 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Англија20 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Македонија21 час
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…