Поврзете се со нас

Светски првенства

Линекер и Ширер им фатија сеир на Германците по елиминацијата од СП: Фудбалот е едноставна игра…(ВИДЕО)

Објавено

на

Германија ја совлада Костарика со 4-2, ама овој резултат не беше доволен за избраниците на Ханси Флик да ја минат групната фаза затоа што на вториот натпревар Јапонија направи уште едно изненадување и ја доби Шпанија со 2-1.

Ова за репрезентацијата и воедно за германскиот фудбал е нов удар затоа што ова е втор мундијал во низа на кој тие не успеваат да ја минат групната фаза. Ваквиот неуспех донесе пак задоволство во Англија, земја и репрезентација која има губено многу битки со Германија, па Гери Линекер и Алан Ширер им фатија сеир на „панцирите“.

-Фудбалот е едноставна игра. 22 мажи ја бркаат топката 90 минути и на крајот Германците секогаш победуваат. Ако ја минат групната фаза, -порача Линекер со видеото на кое тој Ширер и Мика Ричардс се „кинат“ од смеење.

Кога е во прашање Ширер тој го сподели истото видео на социјалните мрежи со порака:
-Германија е елиминирана од СП по групната фаза-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни