Поврзете се со нас

Италија

Линекер го пронајде својот двојник: Помошникот на Сари стана вирален хит (Фото)

Објавено

на

Маурицио Сари ги загуби нервите на дерби пресметката со Милан која се одигра пред една седмица, па така вчера го одлежа првиот меч од двата суспензија кои ги доби од дисциплинците во Серија А.

Лацио не успеа да го победи Калјари и одигра 2:2 на домашен терен, но наспроти случувањата на теренот, во фокусот често се наоѓаше искусниот италијански стручњак кој нервозно го следеше мечот од една од вип ложите на „Олимпико“.

Страствениот пушач Сари постојано беше со цигара во раката, но вирален хит стана и неговиот помошник кој неверојатно многу потсетува на легендарниот англиски голгетер.

Гери Линекер се пронајде себеси во асистентот на Сари и излезе со комична објава на социјалните мрежи, сето тоа како надополнување на шеговите коментари од фановите.

Инаку, станува збор за асистентот Џани Пичиони, човек кој е во навистина тесна врска со Сари уште од почетоците на Маурицио во тренерската кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни