Поврзете се со нас

Свет

Линекер го пофали Бобан откако Хрватот и сврте грб на УЕФА (Фото)

Објавено

на

Звонимир Бобан две години беше главен оперативец на УЕФА и беше еден од најблиските соработници на Александер Чеферин, но денеска самоиницијативно реши да се повелече од оваа функција.

Легендарниот Хрват демонстративно го напушти најважното фудбалско тело во Европа, сето тоа како резултат на последните потези кој ги повлекол првиот човек на УЕФА, а кои се косат со неговата фудбалска интелигенција и пред се, човечка чесност.

– Разговарав со претседателот на УЕФА за проблемот што се случи на последниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА во Хамбург. Станува збор за предлог за измена на статутот на УЕФА за да му се овозможи на Александар Чеферин, на следниот Конгрес во Париз, да добие нова кандидатура по овој мандат, кој требаше да му биде последен.

– Откако ја изразив мојата најголема загриженост и моето целосно несогласување со методот и самиот предлог, претседателот ми одговори дека за него нема правен или морално-етички проблем – и дека без никакво сомневање ќе продолжи со оваа, според мене, катастрофална идеја.

– Парадоксално, Чеферин беше тој што предложи и започна пакет реформи во 2017 година кои требаше да ги заштитат УЕФА и европскиот фудбал од „лошиот менаџмент“ кој толку пати беше применуван од стариот, корумпиран и долго критикуван систем. Главните две точки на реформите беа дека ниту претседателот, ниту членовите на Извршниот комитет не можат да се кандидираат за функција повеќе од три пати (12 години), а воведена е старосна граница од 70 години за сите членови на Извршниот комитет, – изјави Бобан, кој со својот ваков став изнуди само куса реакција од УЕФА која се збогуваше со него со три реченици.

Бобан иницираше неколку важни фудбалски проекти и успеа да ги истера докрај за време на својот мандат во УЕФА, а неговиот последен потег посебно го воодушеви Гари Линекер кој не пропушти да го поздрави преку социјалните мрежи за начинот на кој му го заврте грбот на себичниот Чеферин.

– Човек со принципи и достоинство!, – порача Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни