Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Линекер ги издвои петте најсилни тимови во Лигата на шампионите

Објавено

на

foto: x.com/hayfestival/Adam Tatton-Reid

Остануваат само уште четири места за осминафиналето во Лигата на шампионите, места кои ќе бидат пополнети денеска по дуелите во Мадрид, Ајндховен, Дортмунд и Париз.

Потоа ќе следи и ждрепка иако веќе горе-доле се знае кој со кого може да вкрсти во наредната нокаут рунда. Лигата на шампионите се прати со огромно внимание насекаде низ стариот континент и светот, па Гери Линекер како човек од фудбалот, англиска легенда ги посочи тимовите кои според него се најсилни во натпреварувањето.

-Кои се најсилните клубови кои останаа во Лигата на шампионите? Очигледно Ливерпул, веројатно Реал Мадрид ако помине, ама и Сити ќе биде таму горе.

-Потоа ќе кажам Интер и Атлетико Мадрид. ПСЖ е многу подобрен, ако кажете дека би можеле да го освојат на почетокот на сезоната, би рекол: „не, не можам тоа да го видам тоа“, -истакна Линекер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни