Поврзете се со нас

Англија

Линекер брутално го исмеа Лампард во живо, па се извини за непристојниот коментар (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GaryLineker

Гери Линекер како домаќин во студиото на „Би-Би-Си“ вчера за свои соговорници ги имал Френк Лампард и Томас Франк, но додека се обидувал да опише каква атмосфера прават Германците пред стадионот, легендарниот голгетер испорачал и една шега која не му се допадна на Френки.

Линекер во живо го истрола Лампард за падот на неговата коса на задниот дел од главата, а бидејќи шегата стана посебно вирална и поради изразот на лицето на Френк, Гери почувстува потреба јавно да се извини.

Линекер: Ако не е овој екран, ќе гледаме што прават германските фанови….

Лампард: Ако не е екранот, фановите ќе ни гледаат директно во задниот дел од главите….

Линекер: Во право си, во ова време не е убаво да се гледа твоајта глава отпозади……, – гласи конверзацијата која одела во живо на познатиот британски сервис.

– Го привлеков вниманието со мојот коментар и се чувствувам лошо. Не го видов Френк после емисијата, но видов дека тоа видео стана вирално. Сакам да се извинам и ќе му се извинам лично бидејќи немав лоша намера. Вакви работи се случуваат на телевизија и треба да се гледа смешната страна. Нема ништо страшно, и мене ми паѓа косата исто како што е случај со Лампард, – порача Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни