Линекер: 37 милиони фунти се ништо, којзнае колку вреди сега Салах

mo-slah-328238

Мохамед Салах постигна четири гола во победата на Ливерпул од 5:0 против Вотфорд на „Енфилд“ вечерва и пофалбите за египетскиот напаѓач почнаа да стигнуваат од сите страни.

Со вкупно 28 гола, Салах му избега за четири гола на Хари Кејн во трката за најдобар стрелец во Премиер лигата, а го надмина и рекордот на Фернандо Торес од 33 гола во сите натпреварувања во дебитантска сезона.

Легендата на англискиот фудбал Гери Линекер го пофали Ливерпул за генијалната инвестиција во летниот преоден рок, кога за 37,5 милиони фунти го донесе Салах од Рома.

– Изгледа лудо да се каже дека засилување од 37,5 милиони фунти е апсолутно добра зделка, но колку чини Салах сега? Каков играч – напиша Линекер на социјалните мрежи.

Facebook Коментари