Линдзи Вон: Таа рекламира енергетски пијалок, но погледите се вперени во нејзиното совршено тело ( Фото+Видео)

Lindzi-Von

Линдзи Вон е една од најдобрите американски скијачки во историјата, но покрај тоа што е светска и олимписка шампионка, таа важи и за голема модна икона која често знае да се најде во центарот на вниманието на магазините за убавина.

Вон често знае да ги почести своите фанови со атрактивни фотографии и изданија преку официјалниот Инстаграм профил, а сега повторно е хит на социјалните мрежи откако на провокативен начин ја најави својата автобиографија.

Пред извесен период, американска скијачка се обиде да им долови на своите фанови како изгледа една нејзина вежба за рехабилитација на колената, но сепак во прв план се најде нејзиниот провокативен костим за капење и движењата кои сега на големо почнаа да се споделуваат на сите друштвени мрежи.

Овој пат Вон сакаше да им долови преку фотографијата на своите фанови, на која може да се забележи дека има одлично тело и дека е во одлична фит форма, благодарение на нејзината постојана физичка активност. Но, сепак скриената порака на фотографијата на Вон е промоцијата на енергетскиот пијалок Ред Бул, која сепак по се изгледа никој и не гледаше во енергетскиот пијалок. 

Finally found some sun!! ☀️

A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) on

Facebook Коментари