Поврзете се со нас

ВТА

Лина во налет: Ѓорческа преслуша уште една фаворитка и се пласираше во полуфиналето во Чешка

Објавено

на

Лина Ѓорческа стана специјалист за „истребување“ на фаворитки на силниот ИТФ фјучерс турнир во Оломуц, откако во два дена ги реши петтата и четвртата носителка.

Откако вчера славеше над Алиона Болсова од Шпанија, најдобрата македонска тенисерка денеска и одржа лекција и на четвртата носителка, Американката Ема Наваро.

155-та тенисерката на ВТА листата важеше за голем фаворит пред мечот, но сепак на теренот работите беа поинакви и тенисерката од Тетово покажа дека е во налет.

Лина го отвори првиот сет со предност од 5:2, па иако можеше да биде доста поубедливо, на крајот го доби истиот со 6:4. Водството од 1:0 во сетови и го донесе потребниот мир, па во вториот беше далеку поубедлива.

Ѓорческа славеше со 6:2 и се пласираше во полуфиналето на силниот турнир во Чешка кој се игра на земјена подлога, а чиј награден фонд е 60 илјади американски долари.

Мечот траеше 77 минути и Македонката експресно се пласираше меѓу четирите најдобри, фаза во која последна пречка за финале ќе и биде Дарја Астахова од Русија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни