Лина со пресврт до полуфинале на турнирот во Турција

lina

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди место во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Анталија што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Тетовката дојде до четирите најдобри на турнирот откако денеска со пресврт славеше над Екатерина Рејнголд од Русија. Русинката ја предизвика Ѓорческа во првиот сет кој го реализираше со 6-3 за да во продолжението одговорот на Македонката биде брутален, па со 6-2 и 6-1 дојде до посакуваната цел.

Сега Лина како прва носителка оди на мегдан на седмата носителка, Маријана Закарлјук од Украина.

Facebook Коментари