Лина обезбеди место во главната фаза на турнирот во Истанбул

lina

Најдобрата македонкска тенисерка по успехот во Анталија (титула во двојки) оваа седмица ќе настапи на уште еден турнир во Турција и тоа во Истанбул кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Таа денеска успеа да обезбеди влез во главната фаза во поединечна конкуренција и тоа со чистата победа над Гергана Топалова. Ѓорческа ја победи Бугарката со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-2 и за прв ривал во сингл ќе ја има Анастасија Захарова од Русија.

Во двојки пак Лина за партнерка ја има Екатерина Јашина (Русија) со која се втори носителки на фјучерсот, а кој ќе им биде прв противник допрва ќе дознаат.

Facebook Коментари