Поврзете се со нас

ВТА

Лина ја пропушти првата шанса за трофеј на турнирот во Грција

Објавено

на

Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Деа Херџелаш не го положија завршнот испит на фјучерсот во Ираклион каде во мечот за титула загубија од романско-бугарската комбинација, Лиа Каратанчева и Оана Гаврила.

Ѓорческа и Херџелас како четврти носителки на турнирот важеа за фаворитки, меѓутоа противничките покажаа повеќе на теренот Сакари и со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-4 се израдуваа на пехарот.

Македонката ќе има уште една можност за трофеј во Грција затоа што утре ќе игра финале и во поединечна конкуренција во кое на другата страна ќе ја има Мириам Бјанка Булгару (4 носителка) од Романија.

Ѓорческа ќе ја нападне и титулата во сингл на турнирот во Ираклион

Овој фјучерс се игра на земјена подлога за вредност од 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни