Лина Ѓорческа: Ќе го „прескокнам“ омилениот Гренд Слем во 2018!

lina udar

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа влегува во новата година со мотив да се врати на терените и да ни овозможи уште многу радости со своите настапи, па дури и да се обиде да стигне до Олимписките игри во Токио 2020.

Правејќи рекапитулар на минатата година во интервјуто за „Дерби“, таа вели дека добро започнала, но завршницата не била „фер“, имајќи предвид дека прво се повреди, а кон крајот на сезоната ја обнови истата повреда.

ДЕРБИ: Ти посакуваме што побрзо да ја надминеш повредата од лани. Какви се препораките, дали ќе смееш да настапиш во Мелбурн?

– Ќе мора да го прескокнам мојот омилен Гренд Слем турнир, односно Аустралија Опен. Пред две седмици правев операција на зглобот од раката, таа иста повреда што ја добив на почетокот од минатата година во Мелбурн. Поради тоа ќе мора да мирувам до март.

ДЕРБИ: Неодамна беше актуелна како добитник на олимписката стипендија. Колку ќе биде тешко да се избори норма за турнирот во Токио?

– Искрено мислам дека во тенисот е најтешко од сите спортови, затоа што играат само 64 тенисерки. Секако, и тука има шанса за „вајлд карта“, но стипендијата претставува дополнителен мотив за повеќе работа. Моментално ми е најважно да помине се како што треба со раката, а потоа сум сигурна дека ќе има многу подобри резултати.

ДЕРБИ: Која е твоја најголема желба за 2018 година, но не мора да е поврзана за спортот?

– Со оглед на тоа дека 2017 му започна убаво, но потоа не беше баш „фер“ кон мене, би сакала да ја надминам оваа повреда и што е можно побрзо да се вратам на теренот. Но, секако дека е најбитно да сме сите живи и здрави, среќни и сакани, а се друго ќе си дојде само по себе.

Facebook Коментари