Поврзете се со нас

ВТА

Лина-експрес ќе се бори за нова титула: Ѓорческа фуриозно се пласираше во финалето во Србија

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Лина Ѓорческа веќе добро ги познава условите за игра на турнирот во Куршумлијска бања, а откако се мачеше за влезе во осминафиналето и четвртфиналето, наредните два меча испаднаа многу полесни за најдобрата македонска тенисерка.

Тетовчанката вчера во два тесни сета ја совлада Французинката Лоа Босан, но денеска беше најимпресивна и најфуриозна, па со такво издание си осигура пласман на фјучерсот во Србија.

Ѓорческа ја наметна својата игра од самиот старт и беше доминантна во секој поглед, а најдобра отслика за тоа е времетрањето на мечот, кој вкупно траеше само 58 минути.

За неполн час, Лина ја „спакува“ својата противничка од Словачка Доминика Салкова, па со конечни 6:1 и 6:3 се пласираше во ново финале во 2023-та година.

Ѓорческа во завршниот меч ќе игра со подобрата од второто полуфинале кое го играат Даниела Висмане и Антонија Ружиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни