Лима со ефектен автогол ги потопи „лавовите“ во Ереван (Видео)

erevan-gorec

Македонија Ѓорче Петров цели 65 минути имаше активен и поволен резултат на гостувањето во Ерменија, но за жал, во самата завршница „лавовите“ примија два гола со кои сега задачата во Скопје ќе им биде далеку потешка.

Домаќините од Ереван поведоа со погодокот на Танков во 16-та минута, додека второто полувреме не можеше да започне подобро за македонскиот претставник во квалификациите на Лига Европа, бидејќи Јашаровски одлично биеше со глава за 1:1. Во 66-та минута, Алашкерт на идентичен начин стигна до нова предност од 2:1, додека во 82-та минута, Бианор Лима со ефектен автогол ги потопи „лавовите“ кои сега ќе мора да бркаат победа од 2:0 во Скопје за да се најдат во второто коло од квалификациите за Лига Европа.

Facebook Коментари