НБА
Лилард вели дека нема да игра ако Портланд остане без можност да се бори за плејоф
Првата ѕвезда на Портланд, Демијан Лилард, најави дека не планира да игра натпревари во продолжението од НБА сезоната, доколку неговиот тим не добие шанса да се бори за место во плејофот.
Портланд има мало заостанување зад Мемфис кој се наоѓа на последното осмо место на Западот кое води во плејофот, а раководството на НБА веќе преговара со Дизни за продолжување на сезоната на една локација на „Дизни ворлд“ во Флорида.
Во игра се повеќе опции, а онаа која членот на Портланд не сака да ја прифати е жртвување на преостанатиот дел од регуларната сезона и директно префрлување на плејофот.
– Ако се вратиме и не добиеме можност да се бориме за плејоф, јас ќе се појавувам на состаноците, ќе тренирам и работам со екипата, но ќе седам на клупа и нема да играм. Ви го кажувам тоа уште сега, – најавил Лилард.
Според Лилард, најправилно е екипите од 7 до 12 место во конференциите да одиграат некој краток турнир, по што ќе решат кои состави ќе продолжат во плејофот.
– Доколку ни речат дека треба да играме одреден турнир, тоа ќе биде перфектно. Мора да добиеме шанса да се бориме за место во плејофот, – нагласува кошаркарот на Портланд.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан24 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)
-
Македонија8 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)