Поврзете се со нас

НБА

Лилард со неверојатна партија го доближи Портланд до плеј-офот

Објавено

на

Екипата на Портланд на крилата на Демиан Лилард славеше многу важна победа против Далас Маверикс со 134:131 и така се доближи до пласман на плеј-офот.

Откако во претходното коло го предводеше тимот против Филаделфија со 51 поен, сега Демиан Лилард постигна 61 поен со што го изедначи својот личен рекорд.

Покрај Лилард одличен на паркетот беше и Кармело Ентони кој натпреварот го завшри со 26 поени. Кај поразениот тим Прозингис оствари 36 поени, додека Дончиќ 25 запиша 25 поени.

Портланд со оваа победа е осми на Западот и со победа против Бруклин во последниот натпревар ќе обезбеди пласман во плеј-офот.

Сакраменто славеше незначителна победа против Њу Орлеанс со 112:106, додека пак Милвоки славеше против Вашингтон со 126:113.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни