Поврзете се со нас

НБА

Лилард посочи кој е најдобар играч во НБА лигата: Никој не може да го чува

Објавено

на

Првата ѕвезда на Портланд Трејл Блејзерс и еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Демиен Лилард го издвои играчот кој според него е број еден во најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот.

Многумина сметаат дека Леброн Џејмс и понатаму е на самиот врв и покрај тоа што е блиску до 40 година на неговиот живот, но според Лилард еден друг играч е истото тоа ниво, па дури и подобар од „кралот“ кога е фит и подготвен-тоа е Кевин Дурент.

-Кога Кеј-Ди е подготвен тој е најдобриот играч во лигата. Никој не може да го чува. Ако е здрав, шутира тројки, дрибла, може да забива, не можеш да го изблокираш. Начинот на кој се раководи со топката, начинот на кој се движи со таа големина, кој ќе го ставите да го чува? Кога е здрав, мислам дека во овој момент може да е најдобриот играч во лигата, -порача Лилард.

Кевин во досегашниот тек на кариерата има освоено две шампионски титули, двапати беше МВП на финалињата, постојано е учесник на Ол-стар натпреварите, а воедно води со 2-1 против Леброн Џејмс во финалните пресметки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни