Поврзете се со нас

Олимписки игри

Лилард: НБА играчите се сосема поинакви кога играат за репрезентацијата

Објавено

на

Првиот фаворит за златото на ЛОИ во Токио, селекцијата на Соединетите Американски Држави имаше сосема неочекуван старт и загуби од Франција во првото коло во групата A.

Американците имаа подеми и падови, не можеа да го задржат новото на игра и тоа го искористија Французините за славје од 83-76. Доправа составот над САД ќе го анализира овој пораз секако со надеж дека ова е само лош ден и дека во продолжение ќе си дојдат работите на место, но во исто време Демијен Лилард испрати порака дека противниците не смеат воопшто да се потценуваат.

Плејмејкерот смета дека секоја репрезентација која има НБА играчи поседува дополнителен квалитет.

-Сите оние играчи што ги гледаме секој ден во НБА се сосема различни кога играат за националниот тим. Тие имаат поголема слобода и удобност во играта. Се најдовме во борба на кучиња и тие одиграа подобро и победија.

-Французите заслужуваат пофалби, тие имаат одличен тим, Руди Гобер е Ол-стар играч, Еван Фурние е сериозен НБА играч. Како што знаете, правилата се различни, некои работи не ни одеа од рака, можевме да бидеме многу подобри, -истакна членот на Портланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни