Лилард ќе има музичко шоу на Ол-стар викендот во Чикаго

lilard

Ѕвездата на Портланд Трејл Блејзерс, Демијен Лилард ќе игра за тимот на Леброн Џејмс на Ол-стар мечот на ѕвездите во Чикаго, но тоа нема да биде единствената активност на плејмејкерот во тој цел викенд.

Познато беше дека тој ќе учествува во натпреварот во тројки кој е на програмата на 15 февруари, а истата таа вечер во која ќе бидат уште битките во забивање и вештини Лилард ќе има музичко шоу во „Јунајтед Центарот“. Тој веќе подолго време се бави со музика и досега има издадено три албуми.

-Бев избран како кошаркарска ѕвезда и исто имам можност да бидам на таа сцена. Тоа е голема чест, -истакна најдобриот играч на Портланд кој се очекува да ги изведе најпопуларните песни од три албуми.

Facebook Коментари