Поврзете се со нас

НБА

Лилард како Џордан, Истокот ја доби битката на ѕвездите во Индијанаполис (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAAllStar

Тимот на Истокот славеше над Западот со 211-186 во битката на ѕвездите во НБА лигата што се одржа во Индијанаполис.

На завршниот настан, играчите од источната конференција беа далеку порасположени за игра и тоа во натпревар во кој беа соборени многу рекорди.

Истокот даде најмногу поени на еден Ол-стар меч во историјата, бројот на вкупно постигнати кошеви од двете екипи исто е нов рекорд, потоа постигнатите тројки на победникот (рекордни 42), но и бројот на искомбинирани поени во првото полувреме (193) со што беше надминат учинокот од ланската сезона.

Признанието МВП заврши во рацете на Демијен Лилард кој уфрли 39 поени со 3 скока и 6 асистенции и со тоа стана прв ас по Мајкл Џордан кој победил на настан претходниот ден (беше најдобар тројкаш), а потоа и ја освоил наградата за најкорисен кошаркар на теренот.

-Секогаш кога ќе ве спомнат во иста категорија како Мајк, тоа е чест, тоа е големо достигнување, дури и ако е Ол-стар викенд. Затоа што ако беше толку едноставно, повеќе луѓе тоа ќе го направеа, -истакна плејмејкерот на Милвоки Бакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни