Поврзете се со нас

НБА

Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/trailblazers

Дејмијен Лилард цела својата играчка кариера му ја посвети на Портланд, но после цели 11 години минати во оваа франшиза, големата НБА ѕвезда реши дека е време за шампионски проект.

Лилард има 33 години и се наоѓа во фаза на кариерата кога мора да размислува за прв шампионски прстен, а потера по ова ќе започне како член на Милвоки Бакс.

Шпекулациите кои вчера беа топ тема во Америка добија официјална потврда и од самиот Дејм, кој најави дека ќе има емотивно обраќање до сите верни фанови на Портланд, но истовремено ја најави и својата нова авантура кај „елените“.

– Нема да им се обратам на обичните навивачи, али тоа ќе го направам со вистинските навивачи на Трејблејзерс и граѓаните на Портланд кои навистина ги сакам. Ќе се обратам потполно искрено, бидете во тек. Возбуден сум за новата авантура во Бакси, – порача Лилард.

Спектакуларниот плејмејкер дефинитивно ќе биде огромно засилување за Милвоки, а заедно со Јанис Адетокумбо сигурно ќе претставуваат двоец кој ќе го нападне шампионскиот трофеј во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни