Поврзете се со нас

НБА

Лилард игра во нестварна форма: Неговата последна тројка ги шокираше и коментаторите (Видео)

Објавено

на

Демијан Лилард игра во страшна форма по рестартот на сезоната и стана првиот играч на Портланд кој на два меча по ред постигнал над 50 поени, со тоа што изминатава ноќ го израмни и својот личен рекорд по постигнати поени на еден меч.

Портланд за првпат после подолго време влезе во местата кои обезбедуваат плеј-оф завршница, откако тимот победи против силниот Далас во исклучително изедначен меч со 134:131.

Во крајно возбудливата завршница, разликата секако ја направија потезите на популарниот „Дејм“, кој верувале или не постигна 61 поен.

Лилард постигна дури девет тројки, а една од нив беше навистина неверојатна до тој степен, што вчудоневидени останаа и коментаторите на натпреварот.

Топката се одби од обрачот неколку метри нагоре, но потоа се врати и заврши онаму кадешто требаше….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни