Поврзете се со нас

НБА

Лилард и Јанис го решија Хјустон, Кари првпат не погоди тројка после пет години (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bucks

Утринската НБА програма беше доста скромна и се одиграа само четири натпревари, а возбудувањата завршија со меч во Портланд каде гостуваше ранетиот тим на Голден Стејт.

„Воините“ беа во катастрофална серија на резултати пред да го победат Бруклин, но сега успеаја да врзат втор триумф и покрај катастрофалната партија која ја имаше нивниот лидер.

Стеф Кари имаше ноќ за заборав и првпат после пет години не постигна тројка на меч во НБА лигата, што доволно говори за тоа колку не му идеше ништо на фантастичниот шутер.

Кари запиша само 7 поени, 2 скока и 8 асистенции, но имаше среќа што Томпсон и Вигинс беа крајно расположени (28 и 25 поени), па така Голден Стејт славеше со 118:114.

За разлика од Голден Стејт кој се мачи од стартот на сезоната, Милвоки продолжи да реди победи, а двоецот Лилард-Адетокумбо утрово беше кобен за Хјустон.

Дејм беше најдобар поединец во победата од 128:119 со 39 поени и 11 асистенции, додека Јанис го заврши мечот со 26 поени и 17 скокови.

Останати НБА резултати:

Феникс – Вашингтон: 112:108
Сан Антонио – Њу Орлеанс 110:146

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни