Лилард „гореше“ против Голден Стејт, соиграчот мораше да го изгасне (Видео)

lilard

Составот на Портланд Трејл Блејзерс издвојуваше победа над Голден Стејт Вориорс во 129-124 во еден од најинтересните мечеви во НБА лигата во денот кој беше посветен на големиот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг.

Потребни беа дополнителни пет минути во „Мода центарот“ за да се реши победникот, а главниот збор го имаше Демиен Лилард. Плејмејкерот беше брилијантен и уфрли 61 поен вклучувајќи ги тука 11 тројки што е исто негов најдобар учинок во кариерата.

Ова за Лилард беше број еден натпревар во кариерата, најмногу постигнати поени во својот живот, но и за Портланд како клуб. Воедно тој стана играч со најмногу поени на денот на Мартин Лутер Кинг, го мина Кемба Вокер кој пред четири години реализираше 52 во дресот на Шарлот.

Дефинитивно оваа партија на Лилард уште долго ќе се памти, а најдобрата реакција ја имаше соиграчот Си-Џеј МекКалум кој едноставно не можеше да одолее и одлучи да го изгасне колегата за време на интервјуто по дуелот во Орегон.

Facebook Коментари