Италија
Лил заработил само 7 милиони евра од трансферот на Осимен во Наполи
Трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи одамна активираше многу сомнежи во однос на сумите кои беа објавени од клубовите, а италијанските власти досега неколку пати ги истражуваа деталите од комплексниот трансфер.
Актуелниот претседател на Лил, Оливие Летанг, тврди дека францускиот клуб заработил само 7 милиони евра, иако трансферот беше објавен со вредност од дури 70 милиони евра.
– Чистата заработка, четворицата играчи проценети на 20 милиони евра, а всушност со многу мала вредност, заедно со провизии, достигна помалку или повеќе 7 милиони евра, – открил Летанг за „Лекип“.
Наполи испрати четворица играчи во спротивна насока, а тие никогаш не добија шанса во редовите на Лил, додека во италијанскиот клуб се бранат со фактот дека неколку истраги не обезбедиле доволно докази за обвинувањата дека се објавени вештачки бројки за вредноста на испратените фудбалери во спротивна насока.
За ваков престап, Јувентус беше казнет со одземање 10 бодови во Серија А.
Летанг стана претседател на Лил непосредно по реализацијата на трансферот на Нигериецот пред четири години.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Артета: Ако од 1000 натпревари мораш да загубиш еден…