Светски првенства
Лихштајнер нема дилеми кој оди во осминафинале: Швајцарија има подобри играчи и селектор од Србија

Некогашниот член на Лил, Лацио, Јувентус и Арсенал, Стефан Лихштајнер нема дилеми околу тоа кој ќе ја добие битката меѓу Швајцарија и Србија, односно ќе обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство.
Овие две селекции се соочуваат утре од 20 часот, а Стефан е убеден дека тоа ќе биде селекцијата за која настапуваше скоро две децении (севкупно).
-Швајцарија ќе се пласира понатаму. Швајцарија има подобри играчи и подобар селектор од Србија. Момците се расположени и многумина знаат што да очекуваат од Србија. Ќе зависи од главата, и тука ја гледам нашата предност, -вели Лихштајнер и додава:
-Секогаш е ризично да се оди на реми. Ќе биде погрешно и да се залетаме на работ на српскиот нож. Натпреварот трае 90 минути, секогаш знаете што се случува на вториот меч, а Мурат Јакин е паметен селектор кој ќе знае како да реагира, -истакна Швајцарецот кој говореше и за претходниот дуел со Србите на кој во центарот на вниманието беа Гранит Џака и Џердан Шаќири.
-Гранит и Џердан доста издржаа пред и за време на натпреварот, имаше многу удари под појасот. Од човечка гледна точка, разбирам зошто се занесоа. Мора да бидете солидарни со соиграчите, а не капитенот кој се плаши да не си ги изгори прстите. Тоа е дел од спортот, дел од другарството внатре во соблекувалната. Губевме со 0:1 само благодарение на Зомер, имаше немир во соблекувалната. А кога го свртевме резултатот, емоциите дојдоа… Вжештената атмосфера го направи останатото. Гледајќи назад, можеби малку претеравме, но и до ден денес не би го нарекол грешка, -заклучи Лихштајнер за „Блик“.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти