Лига на нации: Македонија меѓу носителите во Д секцијата (Фото)

MKD-BLR

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дел од новото натпреварување на УЕФА наречено Лига на нации, а денеска Европската фудбалска федерација го објави конечниот изглед на шеширите по кои ќе биде извлечена и ждрепка.

Репрезентациите се поделени во четири категории според ФИФА ранкингот, а Македонија е во последната Д секција/лига каде има 16 репрезентации.

Според изгледот на шеширите, Македонија е во првиот шешир во Д лигата, а таму друштво и прават Азербејџан, Белорусија и Грузија, три селекции кои не можат да бидат наши противници во групната фаза.
Противници ќе ни бидат Ерменија, Летонија, Луксембург и Фарските Острови од вториот, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн или Малта од третиот шешир и Андора, Косово, Гибралтар или Сан Марино од четвртиот шешир.

D-Liga na nacii

Победниците на четирите групи во Д лигата ќе обезбедат место во Ц лигата за следното издание на Лигата на нации, а една од нив ќе игра и плеј оф за настап на ЕП 2020.

Ждрепката ќе се одржи на 24. јануари во Лозана, а првите натпревари ќе се играат во септември следната година. Четири репрезентации ќе обезбедат место на ЕП преку Лигата на нации.

A-Liga na nacii

B-Liga na nacii

C-Liga na nacii

Facebook Коментари