Поврзете се со нас

Лига на нации

Лига на нации: Македонија ја започнува новата сезона против Ерменија

Објавено

на

Европската фудбалска федерација денеска ги објави термините за новата сезона од Лигата на нации, а македонската репрезентација ќе го стартува настапот на домашен терен.

Прв противник на најдобрите македонски фудбалери ќе биде Ерменија и тоа на 5. септември во Скопје, а само три дена подоцна и гостуваме на Грузија.

Македонија напредуваше од Д во Ц групите, а против последниот противник Естонија ќе играме на националниот празник 11 октомври и тоа на гостински терен.

Проблематично за нашата репрезентација е што покрај термините за новата сезона, треба да одигра уште две средби од завршницата во плејоф рундата од претходната сезона.

5 септември Македонија-Ерменија
8 септември Грузија-Македонија
11 октомври Естонија-Македонија
14 октомври Македонија-Грузија
15 ноември Македонија-Естонија
18 ноември Ерменија-Македонија

На 8 октомври играме против Косово, додека на 12 ноември следува евентуалното финале и можност за обезбедување пласман на Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни