Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лига 1 сакаше да го истрола Пике, Шпанецот ги „закопа“ со одговорот (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/KingsLeague

Денеска се одржа ждрепката за четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, а по истата Лига 1 се обиде да го истрола Пике и да ја пецне Барселона.

Со оглед на тоа што францускиот и шпанскиот првак ќе се сретнат во следната рунда, на Твитер профилот на Лига 1 на шпански јазик беше постирана фотографија на која Мбапе му бега на Пике при што стопер го влече напаѓачот за дресот, фотографија направена од последното нивно соочување на „Камп Ноу“ во 2021 година.

Килијан тогаш блеска и испорача хет-трик во славјето од 4-1, па порака од Лига 1 беше:

-Овде се роди лигата на кралевите (Kings League), -стои во пораката.

Инаку Пике е еден основачите на ова натпреварување, па токму од таму стигна брутален одговор, фотографија на која е покажа разликата меѓу Шпанецот и француските клубови во однос на освоените пехари во ЛШ.

Инаку единствениот трофеј на клуб од Лига 1 во елитното натпреварување е оној на Олимпик Марсеј од последната деценија на минатиот век.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни