Поврзете се со нас

Франција

Лига 1 ги објави најбрзите фудбалери, Мбапе не е во ниту во Топ 10

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Француската Лига 1 направи пресек на фудбалерите со најбрзи спринтови во актуелната сезона и интересно Килијан Мбапе не е меѓу десетте најбрзи во шампионатот.

Муса Тамари од Монпелје забележал најбрз спринт и тоа со брзина од 36,31 км/ч, додека зад него се Анди Пелмар од Клермон (36.14 км/ч) и Џонатан Клаус од Олимпик Марсеј (36,11 км/ч).

Интересно е што на делба на четвртото место се дури тројца фудбалери на кои им е измерена брзина од 35,97 км/ч, а тоа се Пјер-Емерик Обамејанг од Олимпик Марсеј, Фоларин Балогун од Монако и Мосес Симон од Нант.

Првата десетка ја заокружуваат Жоел Мвука од Лориен, Абдул Кадер Бамба од Нант, Кени Лала од Брест и Ашрах Хакими (ПСЖ) и Еменуел Емега (Стразбур), кои се на делба на десеттото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни