Поврзете се со нас

Европски првенства

Лидс знае кој стои зад шоуто на пресот на Ангеловски по пласманот на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Се уште има многу емоции, коментари, реакции по вчерашниот триумф на Македонија над Грузија (1-0) во финалето на Лигата на нации со што обезбедивме место на собирот на најдобрите европски селекции кој е на програмата наредната година.

Ова за нашиот национален тим ќе биде прво учество на Европските првенства, успех кој донесе голема радост во целата наша држава, но и кај фудбалерите кои направија вистинско шоу на пресконференцијата на селекторот Ангеловски по средбата на „Динамо Арена“.

Пресот на селекторот Ангеловски се претвори во вистинско шоу, со коментар се јави и УЕФА (Фото + Видео)

За овој настан се огласи премиерлигашот Лидс Јунајтед кој смета дека знае кој стои зад идејата за прекин на пресконференцијата.

-Прекината прес-конференција? Се прашуваме на кого била оваа идеја, -напишаа од Лидс јасно алудирјаќи на Џани Алиоски кој воедно е еден од најинтересните, најголемите шегаџии во нашиот табор, но и во клубот од „Иланд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни